Изработена Стратегија за развој на полицијата 2016 - 2020
Министерството за внатрешни работи денеска ја презентираше Стратегијата за развој на полицијата 2016 - 2020 година во која се дефинирани развојните приоритети со цел таа да прерасне во модерна полиција во служба на граѓаните.
Стратегијата е конципирана во осум целини кои се однесуваат на модернизација на криминалните истраги, финансиите и единиците за поддршка, граничните работи, транспаретното и демократското полициско работење, ефективното користење на ресурсите и националната и меѓународната соработка.
Според Лука Школук од Европската унија, подготвувањето на новата стратегија за развој на полицијата е важно, но, како што посочи, било која реформа може да биде успешна само доколку постои политичка волја кај власта.
- Полицијата е организација која ние сите ја гледаме секој ден на улица, во одредени објекти во установи. Тоа е организација на која треба да и веруваме, да ја врши својата работа на заштита и помагање. Европската унија е ангажирана во поддржување на овие реформи од 2002 година и нашата поддршка ќе продолжи и понатаму. Концептот на ЕУ за модерна полиција значи јавна услуга на граѓаните, рече Школук.
За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се работи за стратешки документ со долгорочна развојна визија во кој фокусот е ставен на практичната имплементација и постигнувањето оптимални резултати.
- Полицијата е столб на безбедноста, мирот и благосостојба на нашето општество. Токму затоа наша заедничка цел е изградба на полиција која е ориентирана кон афирмација на општествените вредности во функција на граѓаните и која ќе овозможи подобра квалитет на живот, заштита на правата и мир и хармонија на сите граѓани, истакна министерот Спасовски.
Покрај Стратегијата ќе биде изработен и акциски план за нејзина реализација, а планирано е да се спроведат и обуки за полициските службеници.
Изработката на стратегијата е дел од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“ кој е финансиран од страна на Европската унија. Проектот почна да се спроведува од декември 2014 година и ќе трае до декември годинава.
Ново на Сител
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза