Македонија
25. March 2022 - 10:43

На „Бисер Балкански“ заиграа и Италијанците | ВИДЕО

Македонската Фаланга секогаш каде и да оди остава огромен впечаток па така беше и вчера во Палермо.

Македонските песни ечеа и по улиците низ Италија, но и на трибините.

На едно од видеата кое се споделуваше на социјалните мрежи се гледа Италијанец којшто игра на македонската песна „Бисер Балкански“.

Инаку, репрезентацијата на Македонија вчера го совлада европскиот шампион Италија со 1:0 и тоа на гостински терен со голот на Александар Трајковски во судиското продолжение.