Мартенс: Да се разјасни како инвеститорите во ТИРЗ можат да аплицираат за дозволи за поставување фотоволтаици
Треба да се разјасни како инвеститорите во техничко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) можат да аплицираат за добивање дозвола за поставување фотоволтаични модули на крововите на своите производни капацитети со цел производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.
Според Мартенс, фотоволтаични системи со инсталирана моќност до еден мегават може да се поставуваат на покриви по добивање одобрение од општина. Овој процес е многу поедноставен отколку добивање градежна дозвола. Постапката опфаќа доставување извод од урбанистичкиот план или имотниот лист, ревидиран проект, договор со сопственикот на објектот, лиценца во зависност од капацитетот и согласност од Агенцијата за цивилно воздухопловство, во зависност од висината на панелите. Но, оваа одредба не ги опфаќа инвеститорите во зоните и затоа е пожелно прилагодување на законската одредба која важи за ТИРЗ.
– Домаќинствата, малите потрошувачи и индивидуалните корисници во земјата имаат право да постават фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби. Вишокот електрична енергија произведена од овие фотоволтаични системи може да се пренесе во електродистрибутивната мрежа, при што корисникот на енергијата е истовремено и производител и корисник на електрична енергија, истакнува директорот.
Во утринската телеграма до медиумите, тој заклучува дека темата обновливи извори на енергија добива сè поголемо значење во Северна Македонија.
-Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија енормно придонесува за зголемување на заштитата на животната средина и се вклопува во стратегијата за развој на енергетскиот сектор на Северна Македонија со која се стреми кон што поголемо производство на енергија од обновливи извори на енергија. Во тек се извесни промени во регулативите кои ќе овозможат поедноставување на постапките за инсталација на кровни панели и зголемување на капацитетот на инсталирана моќност на овие производни капацитети, наведува Мартенс.
Тој воедно информира дека Северна Македонија и Германија лани оствариле рекордно ниво на размена од 4,7 милијарди евра.
-До нас минатата недела пристигнаа податоци кои мошне пријатно не изненадија. Статистиката покажува дека размената помеѓу Германија и Северна Македонија во 2021 година повторно значително се зголемила и го достигнала своето рекордното ниво од 4,7 милијарди евра што е зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2020-та. Извозот од Северна Македонија кон Германија во 2021 година се зголемил за 24,8 отсто во споредба со 2020 година, додека увозот од Германија во Северна Македонија се искачил од една милијарда евра на 1,2 милијарди што е раст од 20,6 проценти, наведува Мартенс.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Лани куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, деловен простор за 6,8 милиони евра
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
