Свет
23. March 2022 - 14:54

Пронајдена црната кутија на авионот кој се урна со 132 патници

Една од двете црни кутии на кинескиот авион што се урна во понеделникот е пронајдена во тешко оштетена состојба, соопштија истражителите.

Снимачот е толку оштетен што истражителите не можат да кажат дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина, пишува Sky News.

Да потсетиме, „Боингот 737-800“ со 132 патници и членови на екипажот патувал од Кинминг кон Гуангжу, кога се урна во планините Гуангкси.

Кина објави дека нема преживеани во авионската несреќа.