Силјановска Давкова: Една изборна единица не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ

Предлог законот за воведување една изборна единица помина на Комисијата за политички систем иако имаше и пратеници со различни ставови во однос на овој предлог. Предлогот за една изборна единица помина со 11 гласа за, по што треба да следи и отворена јавна расправа за промена на овој модел.
-Комисијата за политички систем ќе покани експерти кои ќе дебатираат за изборниот систем, а вчера имаше согласност само за аспектот една изборна единица, вели проф. Гордана Силјановска Давкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ за „Утрински брифинг“.
Силјановска Давкова додаде дека ова не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ, но, потребен е консензус кој за жал тешко се гради.
-Со пропорционалниот систем полесно се отсликува мултикултурниот амбиент. Сега помалите партии бараат една изборна единица, а во такви услови пропорционалниот систем е најпропорционален. Така секој глас еднакво вреди, а апстиненцијата од гласање не влијае. Малите етнички заедници кои се дисперзирани низ Македонија ќе добијат можност да бидат застапени, вели Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека не само ДУИ туку и Алијанса на Албанците се изјасни дека не прифаќа една изборна единица. Тие инсистираат на поголем број на изборни единици.
-Тие инсистираат и на нешто друго, наместо шест изборни единици, бараат осум и во проектирањето на изборните единица да се тргне од број на гласови. На пример, има држави дека еден мандат се добива со 10.000 освоени гласови или еден мандат се добива со 12.000 и тоа е дел од Законот. Но, најважното вчера што беше кажано по мене е дека целиот Изборен законик треба да се преиспита. Факт е дека во оваа држава шансите на помалите партии за медиумско преставување, за финансирање, не се исто со оние на големите партии, рече Силјановска Давкова.
Ново на Сител
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
