Македонија
22. March 2022 - 8:46

Во Скопје санкционирани 148 возачи, 39 за брзо возење

 Санкционирани се 148 санкционирани возачи, од кои 39 за брзо возење во засилените акциски контроли во сообраќајот спроведени вчера на територијата на град Скопје.

Изречени се и 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за користење мобилен телефон, по шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за непочитување на првенство на минување, и за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен поја, какко и 41 мерка за непрописно паркирање…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.