Русија истрела крстосувачки и суперсонични ракети од Крим и Црното и Каспиското Море кон цели во Украина
Русија ја гаѓаше Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и од Каспиското Море и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина.
„Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите“, рече Конашенков.
Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето за гориво што го користи украинската армија, додаде Конашенков.
Тоа е складиште за гориво во регионот на Николаев. Според Министерството, уништената цел била „главниот извор на гориво за украинските оклопни возила“ распоредени на југот на земјата.
Русија го погоди и украинскиот воен центар, во кој се сместени странски доброволци во регионот Житомир, 150 километри западно од Киев. Во нападот загинаа повеќе од 100 (украински) специјални сили и странски платеници, соопшти руското МО.
Засега нема потврда од украинска страна ниту од независни извори.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога