Македонија
19. March 2022 - 21:15

СОНК на протест најавува прекин на наставата, МОН без одговор

Молк од Владата и МОН по барањата на наставниците за поголеми плати. Денеска ниту едните ниту другите не одговараат до каде се преговорите за усогласување на платите со новата минимална плата од 18.000 денари. Од Владата не упатија во МОН, таму министерот Шаќири во телефонски разговор рече да го бараме во понеделник.

Од СОНК велат дека преговорите во моментов се во застој и очекуваат дека неделава ќе ги викнат за процесот да продолжи. Бараат платите да се за да може и работниците од образованието, науката и културата веќе идниот месец да земат поголеми плати. Новиот минималец се применува од март, а ќе се исплаќа до 15 април.

Денеска Советот на СОНК даде рок на Владата уште една недела. Членството е за прекин на настават и организирање штрајк, но велат уште една недела даваат шанса на дијалогот. Од друга страна Независниот синдикат за образование денеска излезе на протест со истото барање.

Последен пат штрајк во образование имаше на првиот училишен ден во 2019 година.