Куртовски: СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за Маврово Ростуше откако ВМРО ДПМНЕ не собра храброст да излезе
За жал ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред вас, пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април.
Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично.
А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат.
Ова почитувани сограѓани, е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше. Ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет.
Се заблагодарувам на граѓаните на општина Маврово и Ростуше кои излегоа на минатите избори и го дадоа својот глас.
Сакам да се заблагодарам на сите колициони партнери кои се потпишаа и застанаа зад оваа моја кандидатура. Исто така се заблагодарувам и на сите нашинци од дијаспората кои изразија подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори.
Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат.
Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура.
Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни.
Заедно со нашите граѓани, со дијаспората, го чекаме следниот термин за изборно соочување а дотогаш оставаме на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник.
Во изминатите четири години покажавме како се работи чесно, одговорно и домаќински во интерес на сите наши сограѓани и затоа СДСМ во Маврово и Ростуше ќе биде победник кога ќе има со кого да се бориме и кога и да се случат локалните избори.
Медат Куртовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
