Кулеба: Русите киднапираа уште еден украински градоначалник

Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне, Јехвен Метвејев, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Кулеба рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“.
Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата, напиша Кулеба на Твитер.
Ова е втор украински градоначалник за кој украинските власти тврдат дека бил киднапиран од руските сили. Во петокот беше киднапиран градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров.
Киднапирањето на Федоров предизвика протести на локалните жители кои извикуваа „ослободете го градоначалникот“.
Локална телевизија синоќа соопшти дека Галина Данилченко, поранешна членка на советот на градот е нова градоначалничка на Мелитопол.
Данилченко ги повика жителите да не учествуваат во, како што рече, „екстремистички акции“.
Во градот е најавен полициски час, а протести се забранети.
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ започна одново
-

Унгарија бара прекин на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција
-

Акција на МВР во Штип: Приведен поранешен раководител на УЈП
-

Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата
-

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта
-

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ
-

Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум пати над ноемврискиот просек
-

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година
