Амбасадорот Ангелов се сретна со грчкиот заменик МНР Мардас
Денешната средба меѓу македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов и грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Мардас се одржала по барање на македонскиот дипломат и поминала во конструктивна атмосфера.
Со оглед на тоа што Мардас е одговорен за економската дипломатија, Ангелов за МИА информира дека на состанокот ги реафирмирал македонските иницијативи со кои ќе се олесни економската соработка, која отсекогаш била позитивна, но може да се издигне на уште поголемо ниво.
Нашиот амбасадор ги повторил македонските иницијативи за отворање на нови гранични премини, односно за реактивирање на железничката пруга Битола - Лерин, како алтернативна рута до грчките пристаништа, од што корист би имале двете држави, како и за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа со што би се поддржал развојот на туризмот од двете страни на езерото.
Ангелов исто така потсетил на неопходноста за конечно воспоставување на основната правна рамка во економските односи, како потпишување на договорите за избегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите со што би се подобрила правната сигурност во економската соработка, а воедно би се намалиле и трошоците на инвестициите.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол