Британски новинар ранет во близина на Киев
Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев.
Во нападот, исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни.
Целата екипа подоцна била спасени од украинската полиција.
Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко.
Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стакло прска околу нив.
Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување.
Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се упатувала кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден.
Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.
-Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна, рече тој.
Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот.
Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле.
Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.
-Имавме многу среќа, додаде Ремзи на крајот од прилогот.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
