Декларацијата за Гоце Делчев не е спорна и е непотребно политизирање, смета Пендаровски

Предлозите 4+1 во преговорите со Бугарија не се ризични, смета претседателот на државата Стево Пендаровски.
Според него, со доаѓањето на Петков и новата динамика во дијалогот мѓу двете страни не се става предоминантен фокус на историските прашања.
-Говорот на омраза, положбата на малцинствата без мешање во внатрешните работи на двете држави, заедничкото чествување на историски фигури и периоди битни и за Македонците и за Бугарите, се неколкуте точки кои се преостанати. Она што е добро е што со доаѓањето на Петков и променетата методологија на разговарање, двете страни не даваат предоминантен фокус на историските прашања, туку се потпираат на инфраструктурните и енергетските поврзувања, на соработката во економијата, образованието, медиумите,…, истакна Пендаровски во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.
Претседателот не гледа ништо спорно во Декларацијата за Гоце Делчев, но оценува дека со неа само се влегува во непотребна политизација.
-Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација околу која ќе се усогласуваме. Практично, се влегува во непотребна политизација. Ние генерално кажуваме дека јазикот и идентитетот се надвор од резон за разговори и Гоце Делчев влегува во тој дел, а чествувањето треба да се направи час поскоро и треба да имаме што повеќе манифестации по тој повод, порача Пендаровски.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
