Петличковски: Анализите покажуваат многу солиден имунитет врз основа на вакцинацијата
Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација.
– Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од тие 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Овие параметри, посочи тој, ќе ги разгледуваат на следната седница на Комисијата во однос на тоа колку реално би можеле да бидат применети и искористени во насока на олабавување на рестрикциите.
Петличковски вели дека е точно оти човек што има повеќе антитела е подобро заштитен од инфекција и од тежок тек на болеста или смрт, но, како што нагласи, нема бројка која може дефинитивно да гарантира дека некој сигурно ќе биде заштитен.
– Не може да се зборува прецизно, ние може да детектираме позитивен резултат за антитела, има распон на концентрацијата на количината на антитела, и тој распон корелира, колку човек има повеќе антитела навистина е подобро заштитен од инфекцијаи секако од тежок тек на болеста и смрт, но нема бројка која може дефиниотивно да гарантира дека некој човек што има концетрација таа и таа, сигурно ќе биде заштитен. Затоа и овие анализи треба да ги толкуваме така, има или нема имунитет кој може да се детектира со серолошки тест, вели Петличковски.
Тој информира дека деенска разговарале и за подетална проценка за епидемиолошката состојба во државата што се промовира во повеќе западни земји. Најпаметно, вели тој, е да зависи од комбинирани повеќе индикатори.
– На пример, се земаат предвид вакцинираните индивидуи, со две дози, со три дози, се земаат предвид прележаните од ковид по природен пат, исполнетоста на капацитетите, исполнетоста на леглата во интензивна нега, бројот на позитивни, проценотот на позитивни на дневна основа и трендот во неколку недели наназад и од сите тие параметри треба да излезе еден пресек за епидемиолошката состојба во моментот. Најпрецизна е претставата кога сите параметри се земаат предвид. Ние би сакале да бидеме внимателни, да не избрзуваме со олеснување нагло на сите рестриктивни мерки, рече Петличковски.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни