Финска ќе испрати оружје во Украина
Финска ќе испрати 1.500 проектили, 2.500 јуришни пушки, 150.000 парчиња муниција и 70.000 воени оброци, соопшти денеска финската Влада.
– Ситуацијата во Украина е исклучително тешка поради рускиот воен напад и има итна потреба од одбранбен материјал, се наведува во соопштението.
Хелсинки вчера објави дека ќе испрати во Украина панцири, композитни шлемови и опрема за прва помош.
Финската премиерка Сана Марин претходно истакна дека земјата донела „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина по руската инвазија на нејзиниот прозападен сосед.
– Финска ќе обезбеди воена помош за Украина. Тоа е историска одлука за Финска, изјави Марин на прес-конференција.
Поголемиот дел од Финците сега се за влез во НАТО, според анкетата објавена денеска што се толкува како историска промена во ставот и голема промена во споредба со пред само неколку месеци.
Ново на Сител
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
-

Новиот состав на ДИК ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
-

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите
-

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе
-

Бесент: За ЕУ е поважна трговијата од Украина
