Советот за безбедност на ОН свика итна специјална седница на ГС на ОН
Советот за безбедност на ОН денеска треба да гласа за свикување ретка итна специјална седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија на Украина, што треба да се одржи утре.
Гласањето во Советот за безбедност е процедурално, па ниту една од петте постојани членки – Русија, Кина, Франција, Велика Британија и САД – не може да стави вето.
За одлуката за свикување итна специјална седница на Генералното собрание на ОН потребни се девет гласа „за“ и дипломатите очекуваат предлогот да биде усвоен.
Од 1950 година до денес, итни специјални седници на Генералното собрание, во кое сега има 193 земји-членки, се свикувани само 10 пати. Овојпат, предлогот за свикување на итната седница дојде откако Русија во петокот стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за осуда на инвазијата на Украина, додека Кина, Индија и ОАЕ беа воздржани, додека останатите 11 членки гласаа за.
Се очекува Генералното собрание да гласа за слична резолуција, велат дипломатите, иако резолуциите на Генералното собрание не се обврзувачки, туку имаат само специфична политичка тежина.
Генералното собрание на ОН усвои резолуција во март 2014 година по руската анексија на Крим и на тоа гласање референдумот за статусот на Крим беше прогласен за неважечки со 100 гласа за и 11 против, дваесет не гласаа и 58 воздржани.
Ново на Сител
-

Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава
-

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
-

Се руши дивоградба во Инџиково, сопственикот не го почитувал законот
-

Денеска е Заслуг, а утре е големиот празник Свети Никола
-

Скопје утрово седми најзагаден град во светот, втор во Европа
-

Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
-

Фон дер Лајен: Денеска мора да најдеме решение за финансирањето на Украина
-

Трамп за Венецуела: Нема да му биде дозволено да помине на никој кој не треба да помине
