Бизнис
25. February 2022 - 16:37

Какви економски последици ќе има руско - украинската криза?

Буџетот е ликвиден и за сега има пари да се санираат последиците од руско - украинската криза, уверува  министерот Бесими, без да прецизира дали има простор ДДВ-то  за храна да се намали на 0. Не откри ниту дали е време да се активираат стоковите резерви, како што бара дел од бизнисот. Посочи само дека состојбата се следи, а се разгледувале и мерки за превенција.

Дел од коморите, веќе алармираа дека е време да се активираат стоковите резерви. Не се сигурни дали се во добра состојба, и ако не се апелираа до Владата веднаш да ги подготви и да бидеме подготвени за најлошото сценарио.

Русија и Украина покриваат една третина од потребите на жито во светот, а и најголем дел од побарувачката на енергенси. Денеска може да се забележи блага стабилизација на цените на берзите - особено кај гасот и нафтата, по вчерашниот серизоен скок. Но, според бизнсиот состојбата се уште е многу осетлива и кризата на истокот  не се знае во која насока ќе продолжи да се движи.