Касами го избрка министерот за образование од Тетово
Општина Тетово информираше дека е откажан настанот со Министерството за образование и наука со објаснување дека тоа е поради непочитување на функцијата градоначалник.
Велат дека пред да почне настанот најавен за 10 часот, требало да има средба помеѓу министерот Јетон Шаќири и градоначалникот Билал Касами во 9 часот, но кога се јавиле дали пристигнала делегацијата им било речено дека нема да дојдат на средбата.
–Непочитувањето на градоначалникот на Општина Тетово значи непочитување и на сите граѓани кои живеат во градот. Министерот за образование, по наредба на своите газди, очигледно не успева да се однесува професионално, како што доликува на функцијата министер. Врз основа на политиката на партијата што ја застапува, уште еднаш докажа дека ги игнорираат општините кои не се предводени од ДУИ. Општина Тетово има лидер, затоа нема да дозволиме никој да го потценува авторитетот на граѓаните и општината, наведе Општина Тетово во соопштение.
За 10 часот беше најавено дека министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува во Општина Тетово на настан во рамки на дијалогот на МОН за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. Покрај во Тетово, ваков настан за денеска од 13.30 часот МОН најави и во Општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-
Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
-
Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT