Две семејства побарале помош од македонската амбасада во Киев за да ја напуштат Украина
Бујар Османи, министерот за надворешни рабо информираше дека утрово две македонски семејства побарале помош од нашата амбасада во Киев за да ја напуштат земјата.
-И денеска имаме неколку граѓани кои што бараат документи за да ја напуштат земјата, иако ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати. Две семејства биле во нашата амбасада и барале одредени документи. Дипломатите ќе најдат начин да помогнат се дека имаат можност. Имаме резервни планови доколку аеродромот во Киев се затвори, рече Османи во изјава за Канал 5.
Шефот на дипломатија додаде дека се следи состојбата со загриженост.
-Мислевме дека копнена инвазија во соседна држава ќе видиме само во филмовите и историските книги. Единствени сме со НАТО и ЕУ во однос на одговорот, потенцира Османи.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
