Грција ја обвинува ЕУ дека не и помага доволно во справување со бегалците
Грчкиот втор министер за миграциска политика Јоанис Музалас денеска ги обвини земјите-членки на Европската унија дека не испраќаат доволно претставници на Фронтекс и бродови во Грција за да и помогнат на земјата да се справи со миграциската криза и оти не ги исполнуваат ветувањата за распоредување на мигрантите.
Музалас по неофицијалната средба на министрите за внатрешни работи и за правда на ЕУ истакна и дека испраќање на претставници на ФРОНТЕКС во Македонија со цел да се запрат мигрантите „не е добра идеја“.
- Имаме потреба од ФРОНТЕКС во Грција, наведе Музалас.
Тој додаде дека Грција прави се што е можно да ги заштити морските граници од чамците полни со мигранти, клои патуваат од Турција кон грчките осторови, но оти нема доволна помош од одредени земји-членки на ЕУ.
- Атина бара 1.800 претставници на ФРОНТЕКС, но во моментот има само 800, посочи Музалас.
Во исто време Австрија денеска предупреди дека надворешната граница на ЕУ ќе се премести кон Централна Европа, ако Грција не ја подобри контролата на границата со Турција.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени