Македонија
23. February 2022 - 16:55

Хакерски напад на веб-страниците на банките - експертите сметаат дека не се загрозени податоците

Моќната грчка армија немоќна пред македонексите банки. Синоќа за кратко беа нападнати веб страниците на НБРМ и неколку макеоднски банки. Не беа загрозени сервисите, податоците, информациите за клиентите. Целта на напаѓачите била да се докаже дека земјава нема експерти за ИТ безбедност. Но, банкарскиот сектор синоќа покажал дека е најрегулиран и најзаштитен. По нападот банките споделувале податоци и заедно со НБРМ и телекомуникациските оператори одолеале на грчкиот напад.

Ова беше еден од поголемите хакерски напади во последниот период. Мета на грчките хакери се и државните инситуции, но за нив не е сигурно дали можат да се одбранат.

ОД НБРМ за информираат дека се работело “за напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници“.

За експертите, ваквите напади ќе бидат се почести, затоа од централната банка велат дека заедно со банките постојано работат на зајакнување на системите, ги следат заканите и постојано земаат мерки за заштита.