Мицкоски: Верувам дека може да се постигне разумен напредок со Бугарија без потценување на двете страни
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски верува дека може да се постигне разумен напредок во врска со спорот со Бугарија без да биде потценета ниту една од двете страни.
Според него, можно е разумно решение кое ќе ги рефлектира македонските европски аспирации, но и подготвеноста на нашиот источен сосед да помогне на држава сосед, на држава пријател и држава чиј главен интерес е иднината на македонскиот народ и на граѓаните.
Во денешното обраќање по повод отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Мицкоски изрази сомневање дека барањата на Бугарија и она за што преговара премиерот Ковачевски е многу подлабоко отколку промена на Уставот и вметнување на бугарското малцинство во него. На маса се, истакна, и македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст.
-Дека зад ова сценарио за одбивање на обединување околу националните прашања седат ваквите мотиви доказ е и одбегнувањето на власта да не ја поддржи Декларацијата во Парламентот за титанот Гоце Делчев, пред се поради стравот на Ковачевски да не се налути Бугарија кој е поголем од желбата за почит кон великанот. И јас немам намера да трошам енергија на ваквата кусогледост на власта, но државнички, зрело и одговорно кон својот народ и иднината која ја заслужуваме е да подадам рака повторно да ја оставам вратата отворена за национално единство и обединување за одбрана на националните интереси, заштита на нашиот македонски јазик и посебност, и како такви да почнеме час поскоро преговори со Европската Унија, рече Мицкоски.
Според него, иднината ќе биде наша доколку и иницијативата биде наша, доколку се држиме заедно и доколку се бориме заедно.
Како што посочи, нашата држава е историски и цивилизациски мирољубива земја со космполитски карактер и секогаш била дел од Европа во која веруваме и ги споделуваме тие вредности. Потребна е надеж на овој народ и таа надеж мора да биде возвратена почитувана и вреднувана.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
