Левица: Дипломатијата водена од неуки кадри на ДУИ и СДСМ ќе го пробие дуплото дно

Години наназад сведоци сме на надворешна политика која реди неуспеси. Либералното квислингување на СДСМ и ДУИ, ставено во служба на надворешен фактор, со цел да ги дораспродаде националните интереси и поткопа државните позиции, има потреба целосно да ги уништи кадровските капацитети на македонската дипломатија.
Предлогот за поставување на оџа за амбасадор од пред некоја година го достигна кадровското дно во македонската дипломатија. Но, политиката на ДУИ и СДСМ останува безлимитна! Со клиентелистички мотивираното назначување на синот на владиниот мегафон Муслиу за генерален конзул, македонската дипломатија го проби дното. А, со давањето предлог за назначување за генерален козул на презентерката Бесмира Ејупи (патем во погрешно конзуларно претставништво), целиме кон маргините на дуплото дно.
Предлозите за дипломатско развратништво дадени зад затворена врата, кои доаѓаат од министерството кое го предводи Османи се со умисла. Тие знаат дека спроведувањето на туѓа агенда и уривањето на дипломатските позиции на Македонија ќе добие природен тек само со поставување на неуки партиски послушници, кои без трошка одговорност кон општествената улога што ја носат, скратени со можноста за рационално расудување, спремни по секоја цена да ја следат партиската директива.
Откако Османи е прв човек на МНР, дипломатските скандали стануваат традиција. Техничките грешки како поставување погрешни знамиња, интерпретирање на скратена химна служат само за замајување на јавноста, додека вистинските проблеми се на друго место. Во дипломатските релации постојано се истиснува македонскиот јазик, во меѓународните организација наместо сопствените, Македонија ги застапува интересите на Косово, а на билатералните средби се лобира за признавање на оваа „држава“.
Токму заради спроведување на нови државни велепредавства, министерството предводено од ДУИ, под закрила на СДСМ, инсистира на вакви кадровски решенија. Демантот добиен од МНР не е чин на некаква одговорност, тие се обидоа да го опипаат пулсот на јавноста по принципот „ако помине помине“. Овој демант е резултат добиен исклучително како резултат на силен притисок.
Најновиот скандал е само показател повеќе за потребата од промени во целокупната легислативата која се однесуваат на надворешната политика и дипломатија. Во спротивно, националните интереси и Македонија уште многу можат да загубат.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
