Продолжува помошта за оризопроизводителите
Државата ги прави последните анализи за продолжување на интервентаната мерка од три денари за оризова арпа. Во моментов се вршат инспекциски контроли, кои треба да утврдат колку од неоткупениот ориз е останат, за кои поддршката е веќе исплатена. Министерот Николовски вели дека целта е да се спречат злоупотреби. Вели дека продолжувањето на оваа мерка било единствено барање на средбата со оризопроизводителите во Кочани.
Денеска беа доделени и новите договор од Ипард 2 програмата за развој на мали бизниси. Одобрени се 110 апликации во висина од 13,5 милиони евра. Средствата ќе се искористат за инвестиции во сместувачки капацитети, развој на рурален туризам, набавка на опрема за производство на прехрамбени производи и слично. Надлежните велат дека ваквите договори подлежат на силни контроли и досега не се регистрирани малверзации.
Николовски посочи дека средствата од овие програми во последно време целосно се користат и очекува во Ипард 3 програмата да има повеќе пари.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар