Вучиќ: Србија на никаков начин не треба да го признае Косово

Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот н МИА од Белград.
-Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е отворена со признавање на границите на поранешните југословенски републики и признавањето на Косово. Србите сега треба повторно да го прифатат тоа и да молчат. По кој принцип на меѓународното право?, изјави Вучиќ синоќа на ТВ Прва во разговор со драматургот Билјана Србљановиќ и новинарот Никола Томиќ на прашањето за Косово.
Вучиќ изјави дека косовските Албанци се однесуваат како екстремисти и не сакаат да исполнат ниту една меѓународна обврска.
Тој посочи дека од тие причини, поради мирот и стабилноста, Отворен Балкан е една од најдобрите идеи што им овозможува на сите слободно да се движат, да имаат слободен пазар, субвенции за инвеститорите, вработување.
-Тоа е патот според кој треба да ги надминеме разликите и лошите односи, оцени Вучиќ.
„На Србија и е нанесена голема неправда, иако и ние не сме ангели, но нема одговор на прашањето како сите имаат право да се отцепат од Југославија, а после тоа Србите немаат право да останат да живеат во тие делови, кажа Вучиќ.
Србија денеска гледа како да одговори на заканите дури и кога ги нема на директен начин, а тие се секојдневно присутни кога се во прашање Република Српска и Косово, изјави Вучиќ.
-Се соочуваме со тоа секој ден. Што да правиме, да кренеме раце, Косово да биде независно, Република Српска да не нè интересира, да ни биде баш гајле за Србите во Црна Гора…, праша Вучиќ.
Тој порача дека затоа треба да се чува мирот и да се соработува, да се почитуваат туѓите и нашите жртви, да се залагаме за Отворен Балкан.
Ново на Сител
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
