Српската Влада ја ограничи цената на горивата и донесе одлука за вработување 1.000 дипломирани медицинси лица
Владата на Србија усвои Уредба со која пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати донесена е со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период поскапеа овие деривати, што директно влијаеше на порастот на цените на сите други стоки и услуги.
Влада одлучи и сите млади државјани на Србија кои имаат меѓу 16 и 29 години во моментот на аплицирање, имаат живеалиште на територијата на Србија и валидна лична карта, кои не добиле пари со првата финансиска помош во јануари, ќе можат да аплицираат за 100 евра финансиска поддршка во периодот од 16 до 31 мај 2022 година. Од друга страна, младите кои веќе добија 100 евра финансиска поддршка на почетокот на февруари, нема да мора повторно да аплицираат, бидејќи ќе им се исплаќа автоматски.
Владата на денешната седница го усвои и Заклучокот да ги преземе сите мерки со цел да вработат 1.000 дипломирани медицински лица во здравствените установи и со тоа да овозможи непречено, ефикасно, континуирана и достапна здравствена заштита. Ова вработување се однесува на дефицитарните гранки на медицината и е во согласност со кадровските планови на здравствените установи и на Републичкиот фонд за здравствено осигурување.
Врз основа на анализата на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“, беше утврдено дека на здравствениот систем на Србија му недостигаат повеќе од 1.000 доктори на медицина, соопштија од владата.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана