Бизнис
10. February 2022 - 19:37

Минималната плата го помина првиот собраниски филтер

Миниманата плата го помина првиот собраниски филтер. Се чека да почне комисиската расправа, на која опозицијата преку амандмани освен минималецот, ќе бара зголемување и на останатите плати  на сите вработени во јавниот сектор.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Владата мора да има поголемо чувство за граѓаните и очекува нивниот предлог да биде прифатен.  

Министерката за труд, Тренчевска пред пратениците ја образложи потребата од носењето на измените во Законот за минимална плата.

Инаку, минатата недела на економско - социјалниот совет, трите страни работодавачите, Владата и синдикатите, донесоа одлука минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари. Оваа сума треба да им биде исплатена на над 80 илјади работници во земјава во април за мартовската плата.