Македонија
8. February 2022 - 14:43

Апасиев: Да не беше Левица, сега наместо зголемена минимална плата ќе имавте тикви со расол

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, тврди дека вчера немаше да има договор за зголемување на минималната плата доколку двајцата пратеници на оваа партија не го поднесеа предлог-законот во Собрание закажан за дневен ред в четврток.

Добро утро жолти синдикалисти, порача лидерот на Левица, Димитар Апасиев утрово.

„Да не го пуштеше Левица предлог-законот во Собрание (при што секој пратеник кој ќе гласаше против ќе беше изложен на шејминг од народот) - сега наместо зголемена минимална плата, ќе имавте тикви со расол“, напиша пратеникот.