На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“
На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат извршени летачки вежбовни активности со воздухоплови од вооружените сили на САД, во рамки на планираните редовни заеднички вежбовни активности на НАТО. Овие вежби се изведуваат како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24 јануари до 05 февруари 2022 година.
– Вежбовните активности од двата воздухоплови „Ф-18“ од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман“ ќе се изведат во координација со воена копнена компонента со проверка на системот на навигациско водење со дејствување на копнени цели од воздух. Истите воздухопловни вежбовни активности над АП Криволак ќе бидат уште еднаш повторени во текот на утрешниот ден, информира Министерството за одбрана.
Од Министерството додаваат дека по целосната интеграција на државата во НАТО и вклучувањето во системот на Air Policing, со учеството на воени воздухоплови во вакви вежбовни активности се потврдува способноста за координирано учество во секаков вид здружени вежбовни активности на НАТО, интероперабилноста и способност за интегрирање на воздушниот систем за одбрана на НАТО земјите членки.
Во текот на изминатата 2021 година, од Министерството за одбрана потсетуваат дека над АП Криволак, во вежбовни активности од воздух учествуваше и авион „AC-130“ од состав на военото воздухопловство на САД во рамки на вежбата на специјалните сили на Армиите на САД и Република Северна Македонија „Trojan Footprint 21“.
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан