Драма во Гостивар: Две жени претепани од четворица мажи, полицијата пукала во воздух за да ги смири
Основното јавно обвинителство во Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство казниво по Кривичниот законик.
На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.
Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци.
Му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 20, 31 и 22 години, удирајќи ја оштетената по целото тело.
Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да и помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание.
Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција.
Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање