Максим Димитриевски: Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот
Вечерва во Занаетчиски дом Куманово се одржа свечена Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација, по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во РСМ.
Свое обраќање имаше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски каде го честита овој голем празник и информираше дека се работи на отворање на конзулат на Република Србија во Македонија во Куманово.
„Куманово е Македонија во мало. Ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме Македонци, Срби, Турци, Албанци, Роми, Власи или било која етничка заедница којашто опстојува на овие македонски и балкански простори. Вечерва за мене е голема чест, а уште поголемо задоволство да присуствувам на оваа свечена академија - Свето Савска академија во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот. Тоа е нашето Куманово кое низ векови се ткаело, токму низ ваквите мисли и идеи. Затоа, со право можеме да кажеме дека сите ние сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција, но мора да ја вреднува и туѓата. Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности. Оваа прилика сакам пред сите вас да соопштам дека веќе работиме на отворање и со новиот почесен конзул на Република Србија во Македонија на конзулат во Куманово којшто ќе има задача да ги унапредува тие наши братски односи“, рече Димитриевски.
Настанот е организиран од страна на Српската заедница во Република Северна Македонија, регионален одбор-Куманово.
Прес-служба на Општина Куманово
Ново на Сител
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
-

Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна
-

Британски медиуми: Засилени притисоци за оставка на премиерот Кир Стармер
-

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка
-

Премиерот Мицкоски учесник на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“
-

Седници на две собраниски комисии
-

Трамп ги нарече Венс и Рубио „тимот од соништата“ за Белата куќа
-

Поранешниот шеф на кабинет на Зеленски осомничен за перење пари
