Почина Ратка Бакалиноска - првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во НОБ
По кусо боледување, вчера на 95-годишна возраст почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво.
Родена е во Битола, каде завршила основно образование, а пред завршување на гимназија се пријавува во партизанските редови за борба со фашистичкиот окупатор.
По ослободувањето, завршува гимназија и дипломира на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески.
Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво.
Посмртните останки ќе бидат погребани во Алејата на великаните на Градските Гробишта Бутел.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги