82-годишник меѓу разбиена криминална група која продавала марихуана вредна 50.000 евра | ВИДЕО

На 25.01.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, беше пресечен транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што се лишени од слобода М.А.(63), Д.К.(45) и Ј.К.(82).
Имено, во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево, во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот. На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во с.Василево, струмичко, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус“ до викенд куќа во с.Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.
Истиот ден, на автопатот Скопје-Штип, во близина на место „Преод“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на возилото „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Притоа, двете лица биле лишени од слобода, како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.
Околу 14.00 часот на ул.„Јадранска магистрала“, од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „шевролет калос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што во багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. И М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Денеска (26.01.2022) Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против М.А., Д.К. и Ј.К., поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
-

На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег
-

Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 2.965 евра по квадрат, најмногу продажби во Аеродром
