Анкета: Половина од Грците сметаат дека земјата оди во погрешна насока
Над половина Грци (53 отсто) сметаа дека земјата оди во погрешна насока, а речиси четворица од десет, односно 39 проценти велат дека се движи во правилна насока, додека, пак, пандемијата и понатаму е главниот проблем за Грците, а веднаш потоа следи економијата и поскапувањето, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на пандемијата шест од десет анкетирани рекле дека најлошото поминало, а 30 отсто сметаат дека најлошото следува.
Од анкетираните 82 проценти се вакцинирани, 21 отсто прележале Ковид-19, а од нив, 19 проценти веќе се вакцинирани.
Вакцините се безбедни за 65 проценти од испитаниците, наспроти двајца од десет кои сметаат дека се небезбедни.
На политичката сцена, Нова демократија и понатаму е прва политичка сила во земјата, следува СИРИЗА, а на третото место е Движење на промена, која има зголемен рејтинг по изборот на новиот лидер.
Истражувањето на јавното мислење од агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“ било спроведено од 12. до 18 јануари 2022 година со анкетирани 1.306 граѓани.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија