Македонија
18. January 2022 - 16:34

Учениците на распуст до 1 февруари поради пикот на Омикрон

Учениците се враќаат на настава на 1 февруари. Владата одлучи по препорака на главниот кризен штаб бидејќи државата се наоѓа во пикот на заразата. Ова нема да влијае на времетраењето и учебната година ќе заврши на 10 јуни. Второто полугодие ќе продолжи како и до сега со физичко присуство бидејќи така дава подобри резултати според МОН.

Во колку училишта нема затоплување надлежните немаат податок но деновиве министерот најави состанок со директорите на сите училишта. Дали ова беше дополнителна причина за продолжување на распустот надлежните не одговорија, но одлуката беше донесена доцна синоќа иако претходно Комисијата за заштита од заразни болести сметаше дека учениците може на време да го почнат второто полугодие.

Распустот ќе продолжи за уште две недели но од МОН апелираат за тоа време учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.