Бизнис
12. January 2022 - 16:37

Ќе има ли решение за парното?

БЕГ повторно без став дали  ќе ја прифатат владината помош од 6 милиони евра,  за да ги покријат  зголемените трошоци  за гас, а граѓаните да не се соочат со нови ценовни  шокови. Вчера, министертвото за економија заедно со РКЕ  предложија од буџетот на Балкан Енерџи да му се дадат 5 милиони евра , а Градот Скопје и сите останати општини да помогнат со еден милион евра за граѓаните да не останат среде зима без парно  греење.

Од Град Скопје нема конкретен одговор околу предлогот, но претседателот на советот , Славевски тврди дека буџетот на градот нема пари за ваква намена ниту пак некогаш имал надлежност да обезбедии вакви средсва. Посочи  дека барањето  на Владата е на погрешна адреса.

И експертската јавност предложи Владата да најде начин и мерки да ги помогне снабдувачите  да ги обезбедат потребните количин на гас чија  цена е за три пати зголемена.

Изминатив денови  скопјани секојдневно се жалат на топлината во нивните домови. Велат дека парното или се вкучува многу доцна или е многу слабо. Пред Нова Година пак се доенс еодлука парното да поскапи за 14 проценти.