Николоски: Изјавата на Димитров покажува дека СДСМ ќе направи национално предавство во однос на Бугарија
Тоа што го видовме денес од изјавата Димитров, јасно покажува дека СДСМ и Владата имаат јасна намера да направат национално предавство во однос на Бугарија и тоа е нешто што загрижува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес, при што додаде дека Македонија има изгласана Резолуција и владата не смее да бега од неа.
- Јас сум навистина загрижен, ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија. Мислам дека ставот на Македонија е јасен и е усогласен во Собранието и изгласан од сите пратеници со заедничката декларација која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи, а сите пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ и ДУИ ја гласаа, рече Николоски.
Тој посочи дека постојат големи сомнежи власта да не ја почитува Резолуцијата од причина што едно од барањата е да секаков договор или било какви заклучоци кои се во однос помеѓу односите на Македонија и Бугарија дојде на разгледување во Собрание, а владата бега од таква дијалог.
- Гледаме дека владата тивко ретерира од таа работа, а исто така гледаме сервилност. На пример Слави Трифунов целосно го навредуваше македонскиот народ, јас побарав да има реакција од МНР тоа не се случи, а тоа човек чија партија е втора партија во рамки на бугарската влада, потенцираше Николоски.
Ново на Сител
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
-
Во изминатото деноноќие приведени три лица за управување со возило под дејство на алкохол
-
Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина
-
Брисел со остра осуда на рускиот напад врз Киев во кој беше погодена делегацијата на ЕУ
-
Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија