Никола Димитров: Не верувам во Бујар Османи, преговара со Бугарија по секоја цена

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска на последна прес-конференција Никола Димитров кажа дека бил пречка за лошо решение со Бугарија, а посочи дека нема доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според Димитров, министерот Османи сакал успех по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија. Димитров додаде: „Прашањето е поважно од Владата, од оваа, од следната, од сите“.
„Да, немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и не продуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам“, кажа Димитров.
Посочи дека македонскиот јазик е интимна работа и е наш, а државата е независна, па затоа, право и должност е достоинството да се зачува. Тој кажа дека одбил понуда да биде амбасадор во Вашингтон и рече: „Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома, туку и ќе ми го врзеше зборот“. Тој додаде: „Има причини и потреба од посебна будност за ова прашање“.
„Прочитав од портали, па дознав од амбасадори, па имав средба со мандатарот Ковачевски, така дознав. Одговорноста значи да бидете гласен внатре. Од друга страна мислам дека има јавен интерес за овие работи да се зборуваат отворено. Чекав бидејќи мислам дека беше важно да не се повлечам самиот. Можеби ќе беше полесно да кажам дека не се гледам во новата Влада, но беше важно мандатарот да каже. За сите работи ќе зборувам отворено, свесен за одговорноста и значењето на прашањето никогаш нема да наштетам, но ќе ја следам работата“, додаде Димитров.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
