Македонија
8. January 2022 - 11:24

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Владата 5 години еден денар не одвои за да го намали загадувањето?

Скопје дише загаден воздух зошто владата 5 години еден денар не одвои за да го намали загадувањето. 

Пет години Заев и неговиот пиун Ковачевски не направија ниту еден проект за намалување  на загадувањето на воздухот.

Проблемот со решавање на загадувањето на воздухот е системски проблем чие решавање треба да дојде од владата.

А, владата нема план и понатаму како да се справи со загадувањето на воздухот.

За разлика од владата, Град Скопје и општините прават се што е во нивна можност да го намалат загадувањето, но без работа од страна на владата поголеми резултати не се возможни, затоа потребни се предвремени парламентарни избори и избор на нова влада која ќе се бори против загадувањето на воздухот.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ