НАТО на итен состанок на министрите за надворешни работи поради ситуацијата во Украина
– Министрите за надворешни работи на НАТО ќе одржат итна видео-конференција денеска на која ќе разговараат за барањата на Русија по однос на европската безбедност и ќе се обидат даусогласат заеднички став за преговорите со Русија на самитот НАТО-Русија на 12 јануари.
„Вонреден состанок на министрите за надворешни работи на НАТО ќе се одржи во виртуелен формат в петок (7 јануари). Министрите ќе разговараат за концентрацијата на руските воени сили околу Украина и за пошироките европски безбедносни прашања“, се вели во кусото соопштение од седиштето на НАТО.
Северноатлантската алијанса соопшти дека главна тема на видео конференцијата ќе биде ситуацијата во Украина и обвинувањата дека Русија распоредува војници во близина на границите на земјата.
Министерскиот состанок беше официјално најавен од НАТО дури на 4 јануари, неколку дена откако претседателите на САД и Русија се договорија за време на телефонскиот разговор ноќта меѓу 30 и 31 декември да почнат разговори за европската безбедност, кои ќе започнат на 10 јануари.
Министерскиот состанок беше најавен истиот ден кога НАТО официјално го објави својот прв состанок на Советот НАТО-Русија по две и пол години во Брисел за 12 јануари.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
