Автобусите на ЈСП денеска со неделен возен ред
Автобусите од јавниот превоз во Скопје денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. В недела (2 јануари) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Дежурни денеска од 10 до 17 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. В недела (2 јануари) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата денеска ќе работи од 11 до 17 часот, в недела од 10 до 17 часот. В понеделник (3 јанаури), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се прави редовен преглед на објектот.
Поради училишниот зимски распуст, од понеделник (3 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимски ред.
ЈСП потсетува дека за време на зимскиот распуст нема да важат годишните средношколски билети за бесплатно користење јавен превоз.
Распоред на првите вклучувања на автобусите на 1 јануари:
Градски линии:
Линија 2: 7.05 од Автокоманда 1 и 7.10 од Сарај
Линија 2А: 11.31 од Железара и 12.25 од Сарај
Линија 3: 10.30 од Панорама и 9.45 од СЦ „Јане Сандански“
Линија 3Б: 8.45 од Кванташки пазар и 9.30 од Панорама
Линија 4: 11.40 од Хром и 11.40 од 11 Октомври
Линија 5: 6.43 од Ново Лисиче и 6.43 од Дексион
Линија 7; 7.45 од Горно Лисиче и 7.59 од Карпош 3
Линија 8: 11.40 од Љуботенски Пат и 11.00 од Влае
Линија 9: 6.56 од Клинички центар и 7.03 ч од Скопје север
Линија 12: 7.35 од Скопски саем и 7.35 од Шишево
Линија 15: 6.38 од Ново Лисиче и 7.23 од Карпош 4
Линија 15А: 7.26 од Ново Лисиче и 6.45 од Карпош
Линија 16: 7.30 од Пржино и 7.05 од Железара
Линија 19: 7.40 од Карпош 4 и 7.44 од Шуто Оризари
Линија 20: 7.40 од Шуто Оризари и 7.40 од Транспортен центар
Линија 21: 11.15 од Транспортен центар и 12.05 од Бардовци и болница
Линија 22: 7.45 од Транспортен центар и 7.35 од Лепенец
Линија 22А: 9.43 од Клинички центар и 8.50 од Лепенец
Линија 23: 7.00 од Ченто и 7.00 од Дом на печат
Линија 24: 8.50 од Припор и 8.10 од Тафталиџе 2
Линија 25: 9.00 од Транспортен центар и 9.40 од Средно Водно
Линија 25А: 9.00 од Стара железничка станица и 9.30 од Средно Водно
Линија 25Б: 9.15 од Дом на печат и 9.45 од Средно Водно
Линија 27: 12.05 од Дом на печат и 12.45 од Вардарска
Линија 41: 7.27 од Транспортен центар и 7.14 од Драчево Типо
Линија 45: 11.40 од Транспортен центар 11.00 од Ченто
Линија 50: 7.08 од Хиподром и 7.44 од Клинички центар
Линија 57 7.15 ч од Радишани 7.32 ч од Козле
Линија 59: 11.35 од Кучевишка Бара и 10.50 од Карпош
Линија 65В: 8.13 од Транспортен центар и 7.33 од Стајковци, Бр.пат
Приградски линии:
Линија 11: 7.30 од Транспортен центар и 8.30 од Рашче
Линија 11а: 8.00 од Транспортен центар и 7.00 од Свиларе
Линија 18: 13.25 од Транспортен центар и 14.00 од Визбегово
Линија 31: 12.15 од Транспортен центар и 13:00 од Долно Лисиче
Линија 32: 15.05 од Транспортен центар и 15.50 од Љубин
Линија 47: 10.40 од Транспортен центар и 11.25 од Љубанци
Линија 47а: 13.30 од Транспортен центар и 7.15 од Љуботен
Линија 51: 12.05 од Транспортен центар и 13.10 од Студеничани
Линија 52: 10.20 од Транспортен центар и 10.40 од Ржаничино
Линија 53: 8.45 од Транспортен центар и 7.20 од Катлановска Бања
Линија 55: 8.40 од Транспортен центар и 8.05 од Арачиново
Линија 56: 10.00 од Транспортен центар и 11.00 од Бојане
Линија 58: 13.30 од Транспортен центар и 14.20 Добри Дол
Линија 58а: 7.10 од Транспортен центар и 8.00 од Св.Петка
Линија 58б: 14.30 од Транспортен центар и 15.30 од Брзовец
Линија 60: 12.10 од Транспортен центар и 13.00 од Матка
Линија 61: 8.30 од Транспортен центар и 7.40 од Побожје
Линија 63: 8.20 од Транспортен центар и 8.20 од Мралино
Линија 63а: 14.00 од Транспортен центар и 14.50 од Ајватовци
Линија 164: 11.20 од Волково и 11.30 од Никиштани
Линија 65: 7.10 од Транспортен центар и 8.00 од Раштак
Линија 66: 7.10 од Транспортен центар и 8.15 од Бучинци
Линија 67: 7.50 од Транспортен центар и 8.50 од Зелениково
Линија 68: 10.20 од Транспортен центар и 11.40 од Сушица
Линија 70: 10.45 од Транспортен центар и 11.25 од Батинци
Линија 71: 12.50 од Транспортен центар и 13.40 од Бањани
Линија 74: 12.30 од Драчево и 12.50 од Долно Количани
Линија 81: 11.40 од Транспортен центар и 12.40 од Горњани
Ново на Сител
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година
-
Приведен криумчар, пронајдени 10 мигранти
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија
-
Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија