Ахмети: Годината што доаѓа ќе биде полна со предизвици, работиме за подобра иднина

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска упати честитка до сите граѓани во пресрет на новата 2022 година, посакувајќи им здравје и благосостојба во наредната година.
Преку оваа честитка, Ахмети најавува дека годината што доаѓа ќе биде полна со предизвици бидејќи, како што вели, напорно работиме за подобра иднина.
– Последните денови од оваа година не поттикнуваат да рефлектираме за изминатите 365 дена и да ги предодредиме нашите цели за следните 12 месеци. И оваа година, како и претходната, беше проследена со новите правила на живот кои ни ги наметна пандемијата, но и со загубата на голем број наши граѓани од вирусот и трагедиите предизвикувајќи голема болка кај сите нас. Оваа година се одбележа и 20 годишнината од Охридскиот договор, правното потврдување на Коридорот 8, прогласувањето на Шар Планина за национален парк, како и следната изборна победа, вели Ахмети.
Тој посочува дека ќе работат за да ја почнат годината што претстои со отворање на преговорите за членство во Европската Унија, со поставување на камен темелникот на Коридорот 8, енергетската и економската стабилизација, продолжување на гасификацијата и крајот на пандемијата.
– На сите граѓани каде и да се, во државата, регионот и во дијаспората, им посакувам Среќна Нова година со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех, вели Ахмети во новогодишната честитка.
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
