Најмалку 20 мртви во терористички напад врз ресторан во Могадишу

Најмалку 20 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во напад на припадниците на исламистичката група ал-Шабаб врз популарен ресторан крај морето во Могадишу, главниот град на Сомалија, информира денеска локалната полиција.
- Полицијата утринава успеа да „ја преземе контролата врз ресторанот, изјави полицискиот капетан Мохамед Хусеин, пренесува Танјуг.
Додека сомалиските специјални сили ги пребарувале просториите на ресторанот оттаму се слушале експлозии и пукање.
Хусеин наведе дека безбедносните сили спасиле многу заробени лица во холот на ресторанот, каде синоќа, во моментот на нападот, имало прослава.
Сведоци на настанот истакнуваат дека напаѓачите извикувале „Алах екбар“ (Бог е голем) и дека потоа влетале во ресторанот.
-Во луѓето кои седеа во близина на плажата пукаа на невидено, а потоа влетаа во ресторанот, изјави очевидецот Ахмуд Нур, кој се шетал по плажата.
Исламистичката екстремистичка група ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Агенциите пренесуваат дека во нападот учествувале пет лица и дека пред влезот во ресторанот активирале бомба.
Министерот за безбедност, Омар Мохамед, изјави дека четворица од напаѓачите се убиени, а петиот е уапсен.
Ново на Сител
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
