Општина Карпош додели 140 пакети на граѓаните од социјален ризик
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од општина Карпош, ја организираше 27. хуманитарна акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“.
По тој повод, денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски, додели 140 хуманитарни пакети на граѓаните од Карпош, кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.
– Општина Карпош и понатаму ќе продолжи да ги помага социјално загрозените семејства, како финансиски, така и материјално. Ова го говорам, затоа што сметам дека локалната самоуправа е таа која што е најблиску до нив и токму таа треба да им помогне на оние на коишто им е најпотребна помош, додаде Јакимовски.
Пакетите содржат прехранбени и хигиенски производи, кои ги донираа граѓаните од Карпош, општинската администрација и работниот персонал од детските градинки и училиштата на територија на локалната самоуправа. Хуманитарните пакети беа поделени на неколку локации во рамки на урбаните заедници „Карпош 2“, „Владо Тасевски“ и „Влае 1“ а гестот на солидарност го почувствуваа и децата од мал групен дом, кој се наоѓа на територија на Карпош, како и дечињата од СОС Детско село во населбите Влае и Бардовци.
Општина Карпош веќе 10 години по ред ја спроведува оваа традиционална хуманитарна акција, во пресрет на Велигденските и Божиќните празници.
Ново на Сител
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети
-
Откупот и продажбата на земјоделските производи 3,6 милијарди денари, зголемени за 7,2 отсто