ВМРО-ДПМНЕ: Загадениот воздух во Скопје и Струмица покажува дека заевизмот со години бил посветен на криминал
Власта на СДСМ пет години ништо не направи за справување со загаденоста на воздухот, како во Скопје, така и во другите градови во Македонија. Власта на СДСМ не го реализира капиталниот проект, гасификација на домаќинствата и индустријата, нешто што ќе донесеше економски бенефит, но и значително ќе го намалеше загадувањето на амбиенталниот воздух. Неспособната власт на Заев и СДСМ беше фрлена на криминал и корупција, затоа не направи ништо на ова поле.
Впрочем најдобар показател за негрижата на СДСМ за животната средина е општина Струмица. Во општина Струмица заевизмот владее од 2005 година, а денес Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија и регионот. Вредностите на ПМ честиците во воздухот во Струмица рушат црни рекорди, иако пропагандата на заевизмот тврдеше дека спровеле успешна гасификација. Вистината е дека нема никаква ефективна гасификација, туку јак бизнис на заевизмот.
Патем во Струмица нема ниту индустрија, освен фирмите на кланот Заеви, што значи дека освен заевизмот нема кој друг да загадува. Јасно е дека заевизмот труе со своите лаги и својот криминал.
Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздухот, но за тоа се потребни промени и заминувањето на заевизмот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
