Божиновска: Арсовска за шест пати ги намали средствата за субвенции за инвертори, така не се бори против загадувањето
Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина, сега стануваат лажни предизборни ветувања.
Во реалноста, Арсовска крати буџетски средства во секторот за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.
Покрај тоа што за три пати ги намали средствата за Секторот за животна средина, Арсовска сериозно ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.
Субвенциите кон скопјани за инвертори за следната година се намалени на само 24 милиони денари, шест пати помалку од претходно!
Субвенционирањето за набавка на инвертори досега го искористија околу 5.000 домаќинства во Скопје, тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот.
Данела Арсовска наместо да ја продолжи и унапреди оваа мерка, таа крати средства и зборува за неиздржани и популистички мерки.
Со ваков пристап, Арсовска, градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не може да се бори против аерозагадувањето.
Арсовска мора да почне нешто да работи, особено она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки да ги продолжи а не ги намалува.
Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта