Loading Video...
Свет
28. December 2021 - 12:20

Кина упати критики кон Илон Маск: Неговите сателити ќе се судреле со голема кинеска вселенска станица

Кинеските власти упатија сериозни критики кон милијардерот Илон Маск поради ситуација во која неговите два сателити за малку ќе се судреле со голема кинеска вселенска станица. 

Според документот кој Пекинг го испратил до канцеларијата на ОН за вселенски прашања во Виена во декември, кинеската вселенска станица „Тијан Гонг“ морала да маневрира двапати во јули и октомври за да избегне средба со леталата на „Спејс Икс“, компанија која е во сопственост на најбогатиот човек во светот кој беше избран за личност на годината во 2021.

Пекинг информира дека неговата вселенска агенција морала да реагира за да се осигура безбедноста на самите астронаути.