Македонија
28. December 2021 - 10:38

Стефковски пешки на работа, повика на користење на бесплатниот јавен превоз за да се намали загадувањето

Градоначалникот на Општина Гази Баба утринава на работното место пристигна со пешачење.

„Утрово од својот дом во Железара до просториите на општина Гази Баба дојдов со пешачење, без автомобил. Имајќи го предвид загадувањето на амбиенталниот воздух и мерките од Градот Скопје, ги повикувам граѓаните да ги користат можностите на бесплатниот јавен превоз. Обврските на градоначалникот се теренски и на различни локации кои налагаат користење на автомобил, но во следниот период почесто ќе практикувам движење без автомобил. Секој од нас да го даде својот придонес во намалување на загадувањето на водухот. Општина Гази Баба ќе ги превземе сите свои законски надлежности за санкционирање на загадувачите на амбиенталниот воздух" - напиша Стефковски.