Македонија
27. December 2021 - 16:40

Скопје на врвот на светската листа за загаден воздух

Во земјава повторно активен алармот дека воздухот што го дишеме е опасен по живот. Скопје и годинава е меѓу најзагадените градови во светот,а сезорите кои ги мерат штетните честички отидоа во виолетово и во друтите градови. Граѓаните се жалат дека едвај се дише и секој на свој начин се обидува да се заштити.  Одамна изгубиле надеж дека надлежните ќе го решат долгогодишниот проблем.

Дека загадувањето не се решавава со краткотрајни мерки реагира и невладиниот сектор. Според активистите кои се борат за заштита на животната средина неопходно е да се донесе национална стратегија но и повеќе државни пари да се издвојат за решавање на проблемот.

Вчера во  зависност од мерните инструменти во различни делови од градот, Пи- Ем честичките беа присутни од три до шест пати повеќе од дозволеното.

Тоа придонесе, синоќа Скопје да биде на второто место меѓу најзагадените градови во светот, а во текот на денот пак  беше на 4-та позиција.