Верстапен проговори за најнепријатниот момент во сезоната 2021 во Формула 1
Возачот на тимот на Ред Бул, Макс Верстапен го издвои најнепријатниот момент од сезоната 2021 во Формула 1.
– Најлошото нешто се разбира, беше моментот кога ја поминав цела вечер во болница по несреќата во Силверстоун. Никој не сака да биде во болница. Не беше многу пријатно ниту по инцидентот во Баку, иако ми се чини дека на крајот и таквите моменти те прават посилен како возач.
Што се однесува до најдобрите моменти, тешко е, ги имаше премногу. Беше одлично да се победи во Монако по сите тешкотии со кои се соочивме, по сите неуспеси и лоша среќа. Уште две победи во Австрија, победа на мојата домашна сцена во Зандворт. И, секако, лудата завршница на трката во Абу Даби. Мислам дека овие моменти беа највпечатливи, изјави Верстапен за „Autosport“.
На трката за Големата награда на Велика Британија, Верстапен беше исфрлен од патеката по судир со Луис Хамилтон од Мерцедес. Тој беше испратен во болница на лекарски преглед. Хамилтон ја доби трката и покрај казната од 10 секунди.
Ново на Сител
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
